Вакцината на Pfizer може да се чува во фрижидер еден месец

Властите во САД во март одобрија чување и транспорт на вакцини на стандардна температура во фрижидер од два до осум степени најмногу две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени.

Американското здравствено регулаторно тело го одобри чувањето на вакцината на Pfizer и BioNTech во фрижидер до еден месец, што е промена што би требало да ја олесни дистрибуцијата на таа вакцина.

Одлуката е донесена “врз основа на преглед на податоците што ги предаде Pfizer“ и ќе биде дозволено шишенцата со вакцини да се чуваат на стандардна температура до еден месец.

“Оваа промена би требало да ја направи вакцината достапна за американската јавност и ќе ја олесни можноста за вакцинирање, во места како што се домови за здравје, за да може да ги примат, чуваат и подготвуваат вакцините“, вели Питер Маркс. Директор на Центарот за биолошка евалуација и истражувања.

Фото: Facebook