Ванчо Чифлиганец добитник на наградата за индивидуален филантроп за 2013

186

D-r Vanco Cifliganec so nagrada filantrop na godinata

Генералниот директор на градежната компанија Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец, ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општеството и се слави хуманоста и човекољубието.

За Чифлиганец, наградата за филантроп на годината претставува сатисфакција, вистинска потврда и мотив за неговите долгогодишни ангажирања како поединец и преку градежната компанијата Адора Инженеринг на полето на општествената одговорност, грижата за другите, хуманоста и помагањето на граѓаните и пошироката заедница во Македонија.

“Филантропијата не е нешто што се учи и таа кај мене потекнува од солидарноста и помошта од страна на општеството, што самиот сум ги почувствувал и благодарение на што сум се образувал и развил професионално и како личност во животот. Поради тоа постојано и посветено, со љубов и позитивна енергија сакам да им помагам на другите и во рамките на моите можности да и возвратам на заедницата. Со долгорочните општествено одговорни проекти за вложувањата во сите општини каде Адора Инженеринг гради објекти, оставаме вредни и корисни дела, меѓу кои се православниот храм Свети Јован Крстител во општина Аеродром, Скопје и спомен-обележјето за Богојавление – Водици Фаќач на крст во Балканскиот Ерусалим – Охрид, што годинава ги подарив на Македонија и на македонскиот народ. Се гордеам и со грижата за вработените, преку поддршка на нивното повисоко образование и организираната исхрана на градежните работници, на доделените студентски стипендии, на хуманитарните акции, на помошта за надминување елементарни непогоди, на поддршката на науката, образованието, културата и спортот и особено на грижата за купувачите за кои обезбедуваме докажано сигурно, економично и здраво домување. Мојата и наша корпоративна цел е заедно да изградиме поубаво, поздраво и посреќно место за живеење со попроспериотетна иднина за нас и идните генерации“, изјави Чифлиганец, кој по добивањето на наградата за индивидуален филантроп за 2013-та во Македонија, најави формирање на своја фондација.

Чифлиганец и Адора Инженеринг досега имаат добиено 12 национални награди за најдобри општествено одговорни практики и филантропја и три високи европски награди за успешно и квалитетно работење и за социјална одговорност.