Важна информација за патниците на охридскиот аеродром

37

Согласно одлуката на Владата од вчера, за затворање на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, оттаму информираат дека ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на коронавирусот.

“Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот Аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови“, стои во соопштението.

За информации во врска со летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром, од следните дестинации, времиња на пристигнување и авиокомпании:

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер

Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс

Малме – 17 часот и 35 минути – Визер

Базел –  18 часот и 30 минути – Визер

Фото: Pexels