Важни лекции за парите за солидна 2021

67

Претходната година беше погодена од пандемија што предизвика заклучување на градовите низ целиот свет, нестабилност на пазарот, смртни случаи, скратени патувања, без прослави, семејни посети…

Многумина ќе се согласат дека повеќето од она што се случи минатата година беше неочекувано, но сепак треба да се извлечат поуки од 2020 година – вклучително и како да се подготвиме за иднината.

Влијанието на коронаворусот сè уште не е целосно познато, но сепак постојат едноставни потези и финансиски решенија што треба да се планираат за новата година.

Имајте план

За да се организирате, направете список на средства и обврски – какви пари заштедивте, дали треба да инвестирате, колку имате на вашите сметки, колку должите, дали имате полиси за осигурување…

Држете се до планот

Една од најтешките задачи може да биде задржување на курсот кога имате план. Но, мора да бидете доследни. Обидете се да го задржите планот во фокусот.

Направете фонд за црни денови

Многумина паднаа во тешка финансиска состојба или останаа без работа. Јасно е дека не секој може да заштеди илјадници евра годишно, но потрудете се да издвоите мала сума, тоа може да ви заштеди големи проблеми подоцна.

Научете да разберете сè за вашите финансии
Плановите се важни, но исто така е и прегледот како вашите дневни навики влијаат на вашите финансии. Погледнете добро за што ги користите картичките, како ги трошите парите од кредит, дали ги следите банкарските извештаи?
Фото: Freepik