Вечерва третото извлекување од Фискална во рака – награди без мака

17

Третото извлекување од наградната игра Фискална во рака – награди без мака на Државната лотарија на Македонија ќе се одржи вечерва на Македонската радио телевизија.
Главната награда е автомобил сеат ибица, а ќе бидат доделени и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари.
Во наградната игра, граѓаните учествуваат со 20 фискални сметки испратени во стандарден бел коверт.
Наградната игра започна на 30 декември минатата година кога беа доделени стан, продажен простор и автомобил, како и вредносни ваучери.
Вкупно се планирани 13 извлекувања. Во сите редовни извлекувања ќе се доделуваат автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото што ќе се реализира на 30 јуни 2014 и тринаесетото кое ќе се реализира на 29 декември 2014, ќе се доделуваат и стан и продажен простор во Скопје.