Veemo – веломобил за еколошки и здрав превоз

49

veemo

Veemo е прототип на веломобил (комбинација од велосипед и автомобил) на канадскиот старт – ап Velo Metro.

Нивната идеја ги комбинира предностите од велосипедот како средство за транспорт (еколошки, брз, едноставен и чист) и удобноста и просторот што го нуди секој просечен автомобил.

veemo-1

Поради тоа што Veemo е класифициран како велосипед, за негово управување во градскиот метеж не е потребна дозвола, туку само возачот да биде полнолетен.

Veemo, освен што ја користи енергијата на возачот преку движење на педалите, опремен е и со батерија. Од батеријата ја црпи енергијата за движење по угорнини или на подолги релации.