Веге Бар за првпат на Вино – Скоп

19

vege

На овогодинешното издание на фестивалот Вино-Скоп, за првпат има веганска (растителна) храна на штандот на Vegan365Kitchen – блог за веганска храна и вегански начин на живот.

На менито може да се најдат фалафел, вегебургер, вегемезе, торти и чоколадни мафини. Освен одлична храна, на штандот може да се донира за бездомните животни со купување на некоја од торбите или маичките од ограничената едиција Ономатопеја.