Вегетаријански 3D печатени гумени бонбони на Katjes magic candy factory

126

Katjes-3D-magic-candy-factory-psfk-968x644

Британскиот старт – ап Katjes magic candy factory нуди уникатно задоволство преку гумени бонбони направени преку 3D печатач.

За подготовка на една гумена бонбона од 15 до 20 грама потребни се три до пет минути, што е исклучително побрзо за разлика од постоечките прототипи на коишто им е потребен околу еден час.

MCF_DYLANS_USLAUNCH_14-1024x681

Сите производи што ги нуди Magic candy factory се вегетаријански, без глутен и млечни додатоци.

Стартапот нуди над 100 различни дизајни, а клиентите можат да го напишат своето име или да стават сопствен белег на испечатената гумена бонбона. На клиентите им стојат на располагање осум различни бои и комбинации од вкусови.

magiccandyfactory-825x490

Katjes magic candy factory функционира така што специјалната мешавина од состојки се загрева и потоа преку различни прскалки се создаваат посакуваните форми.

Foto-Katjes_Paul-Aidan-Perry