Велес Табак прокнижи 67,9 милиони денари загуба

13

denari-1

Велес Табак минатата година ја заврши со загуба од 67.915.000 денари, покажува билансот на успех за период од јануари до декември 2016 година.

На крајот на декември 2015 година, компанијата евидентираше загуба од 8.817.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваа 1.372.000 денари, додека една година претходно достигна 1.089.000 денари.

Основна дејност на компанијата е откуп, обработка, ферментација и продажба на тутун.