Велес Табак прокнижи загуба од 1,3 милиони денари за шест месеци

60

tutun

Акционерското друштво Велес Табак од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа загуба од 1.384.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото полугодие лани, компанијата оствари загуба од 1.818.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годинава изнесуваа 305.000 денари, додека истиот период лани беа 318.000 денари.

Основна дејност на Велес Табак е откуп, обработка, ферментација и продажба на тутун.