Велигденски изненадувања во продажните салони на Техномаркет

21

tehnomarket

Големо, невообичаено и уникатно изненадување приредува Техномаркет по повод Велигденските празници. Во секој продажен салон на овој ланец, од 8 до 11 април ќе бидат сокриени Велигденски јајца, а за најсреќните посетители што ќе ги пронајдат, следуваат големи попусти.

„Убавината на празниците е во тоа да се сподели радоста и среќните моменти што ги носат. Токму таква е и нашата цел, да ја зголемиме позитивната атмосфера во сите домови што празнуваат. Веруваме дека преку овој креативен натпревар ќе ги доближиме нашите производи до домовите на потрошувачите и на тој начин ќе придонесеме за повесела празнична атмосфера“, изјавија од Техномаркет.

Освен Велигденското изненадување, најголемиот ланец на продавници за бела техника, IT производи и апарати за домаќинство, неодамна спроведе велигденска акција со намалување до 25% на цената на своите производи од светски реномирани брендови, што ќе трае до 14 април. На овој начин, компанијата уште еднаш ја покажа грижата за своите потрошувачи и се задржа кон стратешката цел, на креативен и поволен начин да ги доближи производите до домовите на купувачите.