Британскиот финансиски регулатор ја забрани Binance, платформа за тргување со криптовалути. Управата за финансиски операции (FCA) донесе одлука дека фирмата не може да спроведува каква било “регулирана активност“ во Велика Британија.
Binance една од најголемите берзи за тргување со крипто валути во светот, им овозможува на инвеститорите да купуваат и да тргуваат со криптовалути преку Интернет.
“Ниту еден субјект во групата Binance нема каков било вид одобрување, регистрација или лиценца за вршење регулирани активности во Велика Британија“, се додава во соопштението.
Во соопштението се предупредува и на нестабилноста на пазарот на криптовалути.
“Пазете се од реклами на Интернет и на социјалните мрежи кои ветуваат висок принос на инвестициите во крипто средства или производи поврзани со крипто средства“, соопштија од FCA.
Фото: Facebook