Велика Британија прва во Европа во бизнисот со кафетерии

21

coffee-2589761_960_720

Фото: Pixabay

Трета година по ред Велика Британија е прва во Европа по раст на бројката на брендирани кафетерии, пишува Independent. Обединетото кралство успеа да го заземе приматот и покрај ширењето на синџирите од типот на Starbucks.

Според веб страната за истражувања на пазарот, Allegra Strategies, бројот на специјализирани продавници за кафе во Велика Британија, во 2017 година, од 643 порасна на 7.421. По неа следуваат Турција, Русија и Грција. Дури 21 земја од вкупно 25 европски држави што беа опфатени во истражувањето, бележат зголемување на бројката.

Во октомври имало 22.714 кафетерии во Европа или за 6,4% повеќе во истиот период од претходната година. Процентуално земено Романија имала најсилен раст од 30%, а Полска била на второ место.

Costa Coffee е најголемиот синџир од ваков тип во Европа, по којшто следува Starbucks.