Велика Британија претстави нова монета од 50 пени којашто го одбележува заминувањето на Лондон од ЕУ.
“Напуштањето на ЕУ е пресвртна точка во нашата историја и оваа монета означува почеток на ново поглавје за Велика Британија“, рече министерот за финансии, Сајид Јавид.
На монетата има испишано “Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Brexit – 31 јануари 2020 година.
Околу три милиони монети ќе бидат дистрибуирани од банките во пошти и продавници почнувајќи од следниот петок, 31 јануари, додека уште седум милиони ќе бидат пуштени во промет подоцна оваа година. По повеќе од три години жестока дебата и прашања за тоа кога и дали да се спроведе Brexit , Велика Британија ја напушта ЕУ од 31 јануари оваа година.
Фото: Twitter