Велика Британија воведува нови санкции за руските авиокомпании

15

Обединетото Кралство ќе воведе нови санкции со цел да ги спречи руските државни авиокомпании Аерофлот, Урал ерлајнс и Русија ерлајнс да ги продаваат своите неискористени места за слетување на британските аеродроми, најави шефот на британската дипломатија – Лиз Трас.

Британската влада објави дека вредноста на слотовите се проценува на 61,9 милиони долари.

Британија веќе го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании.