Велосипеди на расклопување што можат да се стават во торба

578

elektricen velosiped

Велосипеди на расклопување стануваат се попопуларни бидејќи се практични за комбинирање со јавниот превоз и се едноставни за користење во сообраќајниот метеж поради се почестите кражби.

Проектот Bike Intermodal со финансиска поддршка на Европската унија и со иновативниот концепт оди еден чекор напред со развој на прототип на велосипеди на расклопување. Тој ќе има тежина од само 7,5 килограми и може да се смести во торба со големина од 50 х 40 х 15 сантиметри.

Поради овие карактеристики е многу едноставен за носење или повремено да се стави во некој агол за време на состанок, вечера во ресторан или посета на кино и театар.

“Со Bike Intermodal го соединивме најдоброто од дизајнот и производство, а ги користевме најновите достапни материјали за да создадеме компактен и атрактивен велосипед за потребите на еден градски возач“, вели Алесандро Бели од компанијата Technology Urban, што е еден од клучните партнери во проектот и основач на Bike Intermodal start up

Сите делови од овој револуционерен велосипед може да се рециклираат што значи дека ќе ја заштитува и животната средина, од процесот на производство, користење до рециклажа.