Фото:Richard Architecture Design
Архитектот Ричард Морета го претстави MINILOOP, затворениот систем на патеки, којшто според него е сон на велосипедистите, објави Inhabitat. Тој претставува идеален транспортен систем со нулта емисии, наменет за искористување на обновливите извори на енергија. MINILOOP има за цел да ги задоволи дури и најпребирливите велосипедисти, патеката е затворена во еден вид цевка, дизајнирана по сите стандарди за безбедност.
Системот е лесно изводлив за било каде и може да се модифицира на различни клими – од дизајн на отворен простор со умерени клими до повеќе изолиран дизајн за места со екстремни временски услови.
Според архитектот на MINILOOP, неговото користење би условило намалување на загадувањето од сообраќајот, бидејќи би се отстраниле конвенционалните моторни возила од патот, а би се создале услови за монтажа на т.н. вертикални градини коишто би го филтрирале воздухот.
Со цел да направи пробив на пазарот и во интерес на поголема еко-средина, архитектот овозможил системот да биде опремен и со станици за електрични велосипеди, како и станици за нивно полнење и изнајмување.