Vendedy, старт – ап што ги поврзува туристите со уличните пазари низ светот

0

ulicni pazari sirum svetot

Vendedy е апликација за поврзување на туристите кои патуваат низ светот со автентичното “улично искуство“, стои на официјалната страница на овој старт – ап.

Преку Vendedy, луѓето кои патуваат низ целиот свет имаат можност преку нивниот мобилен да дознаат повеќе за локалните улични пазари кои нудат храна, автентични предмети и илјадници други детали.

Зад овој старт – ап стои младата претприемачка Кристин Суфрант, која има за цел да го дигитализира уличниот пазар на глобално ниво, чија вредност се проценува на 10 илјади милијарди долари.

Vendedy постојано ја обновува базата на дигиталната платформа. Она што е потребно да се направи е корисникот да се претплати за неделен билтен од каде што ќе ги добива сите информации и новитети. Потоа, треба да се регистрираат за да можат да ја споделат својата приказна со мрежата. Додека патува, туристот може да добие информации, распореди и препораки за оригинални продукти.

На платформата во овој момент се достапни детали за 500 улични пазари.