Uber за време на велигденските празници од вендинг машини инсталирани во своите автомобили ќе “дели“ бесплатни чоколадни јајца во одбрани градови во САД. Компанијата што го снабдува такси сервисот е Cargo, а клиентите ќе се облажат со чоколадни јајца од брендот Reese’s и Cadbury, пишува Mashable.
Градовите каде ќе се делат слатките се: Њујорк, Чикаго, Бостон, Вашингтон, Балтимор, Минеаполис, Лос Анџелес, Сан Франциско, Атланта, Мајами и Далас.
Cargo, којашто склучи партнерство со Uber за да ги промовира своите производи по повод празниците, е дел од бизнисот со продажба на слатки, грицки, пијалаци, слушалки, полначи за мобилни телефони во автомобили што се изнајмуваат за транспорт.
Клиентите си купуваат производи преку веб страна, а потоа возачите им ги даваат во автомобилите. Бесплатните чоколади ќе бидат достапни додека не се потрошат залихите.
Фото: Facebook