Венеција блеска како некогаш – мерките скоро укинати

29

Властите во Италија донесоа одлука за олабавување на епидемиолошките мерки во Венеција, со што еден од италијанскиот туристички бисери повторно оживеа.

Според новата одлука, баровите и рестораните во Венеција може да останат отворени без временско ограничување. Одлуката за воведување на временското ограничување на работата на угостителските објекти беше на сила во Венеција од октомври минатата година.

Мерките како носење маски и правилата за одржување физичка дистанца ќе останат на сила додека останатите мерки се целосно укинати. Исто така, после долго време, укинат е и полицискиот час.

Олабавувањето на мерките донесе и нова надеж за туристичките работници и за граѓаните, кои за Reuters изјавија дека очекуваат поголем прилив на гости во наредниот период.

Фото: Facebook