Венеција ќе наплаќа 10 евра за влез на туристи кои накратко го посетуваат градот

24

Фото: Pixabay

Венеција воведува провизија за влезници од 10 евра за сите туристи кои накратко го посетуваат градот, пишува BBC.

Буџетот на Италија за 2019 година има клаузула што овозможува Венеција да ја наметне оваа такса, која е насочена кон патниците што на дневна основа го посетуваат градот на вода.

Жителите на Венеција веќе долго време се жалат од масовниот број на туристи кои го посетуваат градот. Секоја години стотици бродови влегуваат на пристаништата на Венеција и овозможуваат над еден милион патници да го посетат градот препознатлив по животот меѓу канали на вода.