VerifiedByPi – апликација што проверува дали фотографијата е оригинална или “фотошопирана“

78

Фото: Pixabay

Тим програмери од Белград развиваат апликација што на корисниците им овозможува да утврдат дали некоја фотографија е оригинална или е користен фотошоп, пренесува Новости.

Преку апликацијата, под името VerifiedByPi, со само еден клик може на корисникот да му покаже дали фотографијата е оригинална или на нејзе се правени корекции.

“Сметаме дека фотошопирањето и создавањето лажни слики премногу зема замав. Затоа дојдовме на идеја, а мислам дека е добра за сите, бидејќи со тек на време интернетот како медиум за размена на информации стана место за изобличени неточни пораки“, вели Сава Живановиќ од компанијата Технолошко партнерство, што го развива овој проектот.

Фотографијата што корисникот сака да ја провери, ќе мора да биде фотографирана преку апликацијата, што ќе биде едноставна за користење и ќе може да се преземе од интернет продавници.

Тимот програмери во следниот период ќе работат на усовршување на апликацијата, за да може преку истата да се проверуваат и документи.