VertiGo – робот што ѝ пркоси на гравитацијата

16

vertigo

Интернационалната мрежа на лаборатории за истражување Disney Research и Универзитетот ЕТХ од Швајцарија дизајнираа робот што го носи името VertiGo, пишува Crazy Engineers.

Она по што овој робот е посебен и поинаков од другите е тоа што може да се движи и да се искачува по ѕидови, пркосејќи ѝ на гравитацијата.

Во моментот кога роботот ќе удри во ѕидот, пропелерите што се вртат му даваат доволно сила за да се балансира и на вертикални површини. Неговиот основен дизајн е ист како и останатите обични роботи што се контролираат со далечинско.

За да може да го постигне ефектот на движење по вертикална површина, роботот мора да биде лесен. Од таа причина, дизајнерите во изработката на VertiGo користат карбонски влакна, пластика и 3D печатени делови со што овој робот е ултра лесен.