Vertikal Walking – вертикални “скали” на иднината

49

vertical 1

Експерименталниот прототип Vertikal Walking на холандската компанија Rombout Frieling Lab е дизајниран да овозможи алтернатива во движењето помеѓу катови. Со користење на мобилноста на човечкото тело и интелигентниот дизајн, се овозможува искачување на следниот кат со само 10% од енергијата и силата потребни за качување по скали.

vertical2

Системот се состои од вертикална челична рамка, седиште и систем на еластични јажиња кои на корисникот му овозможуваат лесно да се подигне на потребната висина со помош на рацете.

“Глобалната популација старее, а скалите за нив се голем проблем. Лифтовите се решение, но се троши голема количина на енергија и не лишуваат од активност”, велат дијзајнерите од Rombout Frieling Lab, пишува Arch Daily.

Vertikal Walking е тестиран на широк спектар на корисници, вклучувајќи ги и оние кои патат од мултиплекс склероза, болест која предизвикува отежнато движење.

Погледнете како изгледа движењето: