Вештачка интелигенција на германските железници

22

Германските железници (Deutsche Bahn DB) почнаа да користат апликации за вештачка интелигенција во товарниот транспорт што ќе ја зголеми безбедноста и ефикасноста, објави компанијата во средата.

Камерите на мостот снимаат товарни возови од сите страни, а вештачката интелигенција ги скенира овие слики и открива оштетување или абење и ги испраќа возилата на ремонт. Новата процедура ќе го забрза товарењето на одредени видови товар, изјави портпаролот на компанијата.

„Вештачката интелигенција сега станува составен дел од нашиот бизнис и ќе ни помогне да транспортираме повеќе товар со помало влијание врз климата“, рече Сигрид Никута од извршниот одбор на товарниот оддел на ДБ.

Првиот мост со камери во Германија беше пуштен во пробна работа во 2017 година. Сега ги има околу дваесет.

Според железницата, овие камери дневно прават околу 300.000 фотографии од околу 10.000 возови кои поминуваат. Софтверот за вештачка интелигенција е задолжен за анализа на детали како што е состојбата на сопирачките.

Традиционалната инспекција на товарен воз трае до еден час, во зависност од неговата должина, а вештачката интелигенција ја извршува речиси веднаш, пренесува dpa.