Вештачката интелигенција ќе троши тројно повеќе енергија во Европа до 2030 година

76

Вештачката интелигенција (ВИ) троши толку многу енергија што се очекува дека до 2030 година центрите за податоци кои ја поддржуваат оваа технологија во Европа ќе трошат речиси трипати повеќе енергија отколку сега, покажува истражување објавено денеска.

Според студијата на консултантската компанија McKinsey, потребата за електрична енергија ќе порасне од сегашните 62 на повеќе од 150 терават-часови (TWh) до 2030 година, што значи дека ВИ ќе сочинува околу пет отсто од вкупната потрошувачка на енергија во Европа, наспроти сегашните два проценти, пренесува ДПА.

Зголемената побарувачка за електрична енергија од ВИ би можела да ги забрза климатските промени доколку не се задоволат енергетските потреби од обновливи извори, предупредува студијата.

Моментално, голем дел од енергијата за центрите за податоци сè уште доаѓа од фосилни горива.