Вештачката интелигенција е главната алатка во само три проценти од германските компании

Само три проценти од германските компании користат вештачка интелигенција (ВИ) како главна алатка за нивната секојдневна работа, соопшти дигиталното здружение Битком, повикувајќи се на своето истражување.

Уште шест отсто од анкетираните компании планираат да почнат да користат апликации како ChatGPT оваа година, пренесува Beta.

„Секоја компанија треба да размисли за употребата на вештачка интелигенција и да ги искористи можностите – од поголема ефикасност до нови производи или услуги“, рече во средата претседателот на Bitcom, Ралф Винтергерст.

Во следните пет години, 13 проценти од компаниите имаат намера да воведат основни модели на вештачка интелигенција како главно средство за работа. Уште 19 проценти планираат да се посветат на новата технологија уште подоцна.

Во истражувањето од крајот на ноември до крајот на јануари учествувале 606 компании со најмалку 20 вработени.