Вештини кои ќе бидат неопходни за работа по пандемијата

338

На сите ни стана јасно како пандемијата многу го смени  деловниот свет. И сега, по времето кога скоро “се вкоренивме“ работејќи од дома, дојде време кога постепено ќе се вратиме во канцелариите. Но, новото поглавје во периодот што следи ќе бара нови вештини и од нас.

Истражувањето на Monster откри дека 82% од компаниите во САД планираат да вработуваат нови луѓе оваа година. Ова е добра вест за оние кои ќе добијат нови можности за кариера. Но, за тоа ќе им требаат и нови вештини. Ова се вештините на иднината на кои треба да обрнеме внимание, пишува Forbes.

Справување со неизвесноста

Можеби најважната вештина што ќе ни треба е способноста да прифатиме неизвесност и да се справиме со неа. Промените се случуваат со постојано зголемување на брзината, што значи дека несигурноста ќе стане вообичаена.

Интерес за широк спектар на теми

Во општата несигурност, ќе има потреба да се водите од незаситна љубопитност во текот на денот. Колку повеќе знаеме за различни теми, толку подобро ќе можеме да ги поврземе деталите како целина.

Отвореност кон различни ставови

Во текот на последната деценија, имаше големи поделби на мислењата меѓу луѓето на различни теми. Податоците покажуваат дека се помалку имаме доверба во луѓето кои имаат мислење различно од нашето. Иднината ќе бара отвореност, можност за учество во граѓанска дискусија и компромис. Напредок во кариерата (и општ живот) нема да биде можно ако останете крути во ставовите. Успехот ќе дојде со можност за слушање, активно учество и учење. 

Поврзување на претприемачкиот дух и емпатијата

Способноста да се забележат чести промени во потребите на пазарот, длабоко разбирање на потребите на потрошувачите и емпатија со потребите на нивните клиенти, се “гориво“ за иновации. За да можат вработените да видат нови можности во иднина, од нив ќе се бара целосно да ги разберат сите околности на проблемот и предизвиците што ги создаваат.

Оптимизам и имагинација

Напредокот е неразделно поврзан со вербата во иднината и фокусот кон можностите.  Способноста да се замислат и предвидат идни настани ќе бидат клучни за одржување на мотивацијата, инспирацијата и амбицијата да започнат нови проекти.

Способност за реализација на идеи

Иднината нема да им припаѓа на циниците што седат настрана“, вели позната изрека. Една од најбараните вештини за иднината ќе биде способноста да се реализираат идеи, што значи подготвеност да се преземе одговорност во проект и волја да се инвестира многу време и енергија во него.

Фото: Pixabay