Вештини што ќе бидат на цена по пандемијата

131

Пандемијата се чини како да го преврте целиот свет, многу работи претрпеа драстични промени, а некои нешта повеќе нема да бидат исти. Бизнис светот сега функционира многу поинаку, се прилагоди на новата состојба, бараше решенија, нудеше креативност за да се задржат што е можно повеќе работни места.

Никој уште со сигурност не може да се осмели и да каже уште колку долго ќе трае пандемијата, но се претпоставува дека деловниот свет ќе извлече неколку битни лекции од она што се случуваше во изминатите месеци.

Се менуваат и навиките на вработените, но од нив сега ќе се бараат и некои други малку модифицирани вештини.

Самостојност

Работата од дома не само што значи заштита на вработените од можно ширење на вирусот, туку и поголема одговорност и самостојност во извршување на работните задачи. Пандемијата нè научи да бидеме посамостојни и повеќе фокусирани на себе, па се оценува дека работниците со ваква изградена карактерна и работна навика ќе бидат повеќе барани на пазарот на трудот.

Емпатија

Пандемијата како зло што му се случи на светот треба да нè научи да покажуваме емпатија кон другите, да им се помогне, да се одржува сплотеноста и да се создаде здрава средина за комуникација. Ако менаџерот покаже емпатија кон своите вработени, тој ќе ја добие назад кога ќе му биде најмногу потребна, затоа е важно да се одржуваат здрави корпоративни врски меѓу колегите и соработниците.

Дигитализација

Многу процеси денес се поедноставени, благодарение на дигитализација, но таа доби на слава откако пандемијата зема замав. Компаниите што вложуваат во дигитализација и развој на таков вид алатки и вештини кај вработените, ќе имаат полесна работа во отежнати услови. Секој вработен кој ќе се залага да научи повеќе, да даде поголем придонес на овој план, ќе биде повеќе ценет и баран.

Мотивација

По кој знае кој пат си покажуваме дека без мотивираност, не може да се совладаат пречките, да се надминат предизвиците. Затоа, важно ќе биде секој член од тимот да биде соодветно мотивиран, за да го извлече максимумот од себе и да даде што е можно подобри резултати и во време кога многумина се обидуваат да се одржат на површина.

Фото: Freepik