Vestas и Tesla ќе создаваат ветерници со батерии

26

energy-1989341_960_720

Фото: Pixabay

Технолошката компанија Tesla и данскиот производител на ветерници, Vestas Wind Systems A/S, заедно ќе прават ветерници што ќе користат батерии во случај на денови без ветер, јавува Bloomberg.

Партнерството е дел од глобалната програма на Vestas, најголемиот произведувач на ветерници во светот. Целта на компанијата е да ги обезбеди своите производи со екстра енергија и затоа во моментов работи со повеќе производители на батерии, на вкупно 10 проекти.

Претседателот на Vestas, Берт Нордберг, вели дека нивна цел е да се намали цената на енергијата на глобално ниво и дека ветерниците во комбинација со батерии би придонеле за тоа. Програмата е започната уште во 2012 година со проект во Данска.

Tesla, исто така, неодамна започна да бара нови апликации за своите батерии надвор од електричните автомобили. Во јули, извршниот директор Илон Маск потпиша договор со владата на Јужна Австралија за изградба на гигантско складиште на енергија што ќе помогне во балансирањето на мрежата.