Везе Шари и Лекер со донации за Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово

36

FOTO33

Децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово, вчера добија подароци – пакет производи од компаниите Везе Шари и Лекер.

„Радост е да се види насмевка на лицата кај децата. Како општествено одговорна компанија постојано даваме поддршка на сите на кои им е потребна и се стремиме да им го олесниме  и разубавуваме животот. Традиционално, ги посетуваме и овие деца, се дружиме со нив и донираме пакети производи од нашите компании за јајца и сувомеснати производи. Ќе продолжиме и понатаму со оваа традиција, сите сме еднакви и имаме право на љубов, среќа и топлина “, вели Беким Иљази, маркетинг менаџер во Везе Шари и Лекер.

За раководителот на Центарот, Беџет Камбери, ваквите мигови го разубавуваат животот на овие лица со посебни потреби.

„Неколку години по ред, Везе Шари донира пакети со производи за нашите деца. Тоа е чин на одговорност кон заедницата, момент на радост и насмевка кај децата кои престојуваат во Дневниот центар, но пред се одлична можност да им се пренесе јасна порака на овие млади луѓе дека не се сами”, вели Камбери.

Во овој Центар, кој има капацитет за уште деца, престојуваат 22 лица со умерена, тешка и најтешка попреченост во психофизичкиот развој, на возраст од 6 до 26 години.