Везешари Национален шампион од Македонија на најголемиот Европски бизнис натпревар

33

thumbnail_vracuvanje

Компанијата за производство на јајца Везешари е Национален шампион од Македонија, прогласен на најголемиот Европски бизнис натпревар.

По првата фаза на оценување, Везешари е оценета од независни судии врз основа на вредностите на Европските бизнис награди (ЕБА) за иновација, етика и успех. По ова, компанијата го продолжува својот пат кон втората фаза од натпреварот, која вклучува видео и јавно гласање.

За Арбен Абдурахмани, еден од сопствениците на Везешари, оваа награда е пример за препознавање на успехот на една македонска компанија во Европа.

„Ние сме горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како Национален Шампион. Европските бизнис  награди се познати како пример за европските динамични компании и сме горди што сме препознаени на ова ниво“, вели Абдурахмани.

Овие награди се воспоставени да ја прослават успешноста во бизнисот и најдобрите деловни практики на европската бизнис заедница. Тие се поддржани од бизнис лидери, академици и политички претставници. Годинава се вклучени повеќе од 33.000 компании од 34 држави.

Извршниот директор на Европските Бизнис Награди, Адриан Трип, го честита изборот на Везешари за Национален шампион: „Честитки до компанијата Везешари која е избрана да ја претставува Македонија како Национален Шампион. Тие се насочени кон успехот на европската бизнис заедница и ги покажуваат вредностите за иновативност, етика и успех“.

thumbnail_priznanie

Во следната фаза Националниот Шампион ќе направи презентациско видео преку кое ќе ја покаже својата уникатна приказна и ќе го објасни својот деловен успех. Независни судии ќе ги наградат најдобрите видеа од оваа група со статусот Ruban d’Honneur и селектираните компании ќе бидат присутни на Гала финале во 2017 година.

Корпоративните видеа ќе бидат поставени на веб страната на Европските Бизнис Награди и компанијата која ќе добие најмногу поени во својата држава ќе биде Национален Јавен Шампион. Во натпреварот 2015/16 беа вклучени сите ЕУ членки плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Македонија.

За повеќе информации за победниците, посетете ги www.businessawardseurope.com или www.rsmi.com.