Вградени микрочипови можеби ќе ги заменат ID картичките

38

cip1

Белгиската компанија за дигитален маркетинг и технологија, NewFusion, на своите вработени ќе им понуди вградување на микрочип во раката за да може да влезат седиштето на компанијата и компјутерскиот систем, пишува Mashable.

“Старите“ картички за идентификација, белгиската компанија сака да ги замени со микрочипови.

Вработените може да изберат дали сакаат да им се вгради чип на прстот преку хируршки зафат или ќе носат прстен со чип. Чиповите содржат лични податоци на сопственикот како и овозможување на пристап до компанијата.