Конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb отвори свој јавен chat на Viber во Македонија. Отсега, сите корисници на оваа апликација ќе може да бидат во тек со подготовките, во живо да ги следат интервјуата со говорниците и да добиваат важни информации поврзани со настанот.
“Исклучително сме задоволни што партнерството со Viber ни овозможи да ја искористиме оваа можноста за отворена комуникација и претставување на нашиот бренд пред публиката со помош на популарната апликација. Концептот на конференцијата е да биде прифатена како двигател на промените и оваа наша активност ја потврдува заложбата да ја постигнеме целта“, изјави Славица Биљарска Мирчески, еден од организаторите на AllWeb.
Јавниот chat на Viber отворен за конференцијата AllWeb е достапен на viber.com/allwebmk и на него може да се приклучи секој корисник на Viber.
Јавниот chat на Viber е услуга која им овозможува на јавните личности, компаниите и брендовите да водат и споделуваат јавни дискусии со фановите. Овој дел од сервисот веќе е достапен во регионот, каде неколку медиуми и компании го користат за интеракција со пошироката јавност.
Со повеќе од 606 милиони корисници, Viber посебно ја акцентира важноста на локализираниот пристап, давајќи им можност на корисниците за поврзување и меѓусебно испраќање на позитивни вибрации и поддржува блиски релации со јавните личности, брендовите и медиумите.