Victoria’s Secret на продажба

92

Акциите на компанијата L Brands скокнаа за 12% по објавата дека основачот и извршен директор, милијардерот Лесли Векснер е во преговори да се повлече или да го продаде брендот за долна облека.

L Brands е сопственик на познатиот бренд Victoria’s Secret. Векснер (82) е под голем притисок поради своите блиски врски со контроверзниот инвеститор кој неодамна почина Џефри Епстејн, обвинет за низа случаи на педофилија.

Wall Street Journal објави дека е во преговори да отстапи како главен извршен директор на своето малопродажно царство и истражува стратешки алтернативи.

Брендот Victoria’s Secret последниве години се соочува со големи проблеми поради падот на продажбата и растечката конкуренција. Врските на Векснер со Епстејн, исто така, ѝ нанесоа тежок удар на компанијата.

Фото: Facebook