Victoria’s Secret се дели на два дела

27

Една година откако пропадна договорот за продажба на познатиот моден бренд Victoria’s Secret, сега тој се дели на две независни компании.

Пандемијата му зададе силен удар на брендот што се занимава со дизајн и продажба на женска долна облека, којашто беше презентирана на гламурозни модни ревии, па беше принуден да затвори бројни продавници и да запре дел од продажбата.

Основач на Victoria’s Secret е Рој Ларсон Рејмонд на крајот на 70-тите години на минатиот век, а на средината на 90-тите ја стекна својата популарност благодарение на спектакуларните модни перформанси.

Откако ланската ревија беше откажана поради пандемијата, продажбата забележа голем пад, а во исто време компанијата се соочи со силна конкуренција којашто повеќе беше насочена кон лежерна и удобна долна облека.

Фото: Facebook