Видео: Германците најдоа решение за одржување на божиќни панаѓури

229

Вештачки снег, варено вино, палачинки и божиќна музика: божиќните панаѓури во Германија се откажани поради пандемијата на коронавирус, но некои го нашле решението во “drive in“.

Кога ќе се стемни drive in во Ландсхут привлекува десетина автомобили кои на топло чекаат работник со маска и црвена капа дојде до прозорот од автомобилот и им врачи мени.

“Не инспирираа рестораните за брза храна. Сакаме донекаде да ја доловиме божиќната атмосфера“, вели Патрик Шмит, организатор на саемот и сопственик на ресторан.

Панаѓурот му помага да помине низ тешкиот период.

Од почетокот на ноември, рестораните и баровите во Германија се затворени за да се спречи ширењето на коронавирус. Дозволено е само продажба на храна за носење.

Рестрикциите, кои се продолжени до почетокот на јануари, не поштедија околу 3.000 божиќни саеми, кои се организираат секоја година, а тоа е голема загуба за многу германски градови.

 

Фото: Pixabay