Видео: Како ќе изгледа кампусот на Римац од 100.000 квадрати

82

Производителот на електрични автомобили Rimac Automobili, го претстави проектот на своето ново технолошки напредно седиште. Вклучува тест патека и музеј.

Завршување на градбата до 2023 година

Новата локација се наоѓа на само неколку километри од сегашното седиште на Rimac Automobili и се наоѓа на парцела од 200.000 квадратни метри, додека изградената површина ќе биде околу 100.000 квадратни метри, пренесува Index.

Просторите се дизајнирани да бидат пријателски, отворени и топли, со додадени елементи на забава. Во исто време, тие ќе бидат модерни, светли и инспирирани од природната средина.

Кампусот ќе биде без високи огради и ќе биде отворен за јавноста

За разлика од повеќето локации во автомобилската индустрија, каде што се поставени високи огради и ниво на тајност, кампусот Rimac ќе биде отворен за јавноста.

Фото: Facebook