(Видео) Кинезите имаат решение – наместо пајак – платформа

98

Сообраќајната полиција и службите за паркирање имаат полни раце работа кога станува збор за непрописно паркирани возила. Едно од драстичните решенија е ваквите возила да се одземат со пајак камион и да му се наплаќа казна на возачот кога ќе дојде да ги земе.

Иако овој начин на казнување е доста ефикасен, бидејќи возачот нема друг избор освен да плати ако сака да го земе својот автомобил, пајакот може да биде непрактичен на мал простор за маневрирање и во тесни улички и практично е неупотреблив во покриени области. Дополнително, ваквите камиони се скапа инвестиција, и при купување и за одржување.

Кинезите имаат решение и за вакви случаи. Тоа е тенка мобилна платформа контролирана од далечински управувач што се лизга под непрописно паркиран автомобил, го крева и го движи.