(ВИДЕО) Најголемиот брод за крстарење во светот ќе заплови во 2024 година: Ќе има свој водопад

290

Крузерот „Icon of the Seas“ е најголемиот во светот. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. На посетителите им се нудат бројни базени, водопади и тематски паркови.

Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот брод за крстарење со неверојатна понуда од различни содржини за сечиј вкус.

Ќе има водопад висок 16 метри, барови, тобоган, кино,… Крузерот e долг 365 метри и e три метри подолг од крстаречкиот брод „Wonder of the Seas “, кој моментално е најголемиот во светот.

Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Има 2.805 кабини и е фокусиран на семејните одмори. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните семејни кабини и апартмани.

На врвот на крстосувачот е AquaDome, кој во текот на денот ќе има свој водопад и поглед на океанот, а во вечерните часови ќе се претвори во забавен центар со ресторани, барови и шоуа.

Бродот ќе биде опремен со најсовремени технологии, вклучувајќи модерна роботика.

„Од моментот кога посетителите ќе се качат на бродот за крстарење, секое нивно движење е дизајнирано да им го понуди најдобриот одмор. Пред сè, „Icon of the Seas“ е наменет за семејни одмори“, изјави Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на Royal Caribbean Group.