Видео: Пијанист свири на платформа за спас на Арктикот

22

ludovico

Познатиот италијански композитор и пијанист Лудовико Еинауди отсвири своја композиција на платформа во мразот на Арктикот. Музичарот се вклучи во кампањата на Greenpeace за спас на Арктикот, што досега ја поддржаа осум милиони луѓе од целиот свет.

Композицијата Елегија за Арктикот ја изведе пред глечер во Свалбард, Норвешка.

“Можам да ја видам чистотата и кревкоста на оваа област со свои очи и да отсвирам композиција на најдобрата сцена во светот. Битно е да ја разбереме важноста на Арктикот, да го запреме процесот на уништување и да го заштитиме”, вели композиторот.