Видео: По 17 години завршена е највисоката зграда во ЕУ – пентхаус чини два милиона евра

336

По 17 години, изградена е зградата Intempo во Шпанија висока 198 метри. Највисоката станбена зграда во Европската унија се наоѓа во одморалиштето Бенидорм, на медитеранскиот брег.

Со 198 метри, Intempo е највисоката станбена зграда во Европската унија, а нејзините кули близначки можат да се пофалат со најбрзиот лифт во Шпанија, којшто се движи со брзина од 4,2 метри во секунда и се стигнува до последниот кат за 52 секунди.

Кулите на зградата Intempo се поврзани на врвот со конструкција во форма на дијамант, во која цената на пентхаус е околу два милиони евра. Инаку, почетната цена за стан во оваа зграда е 257.000 евра.

Одморалиштата како Бенидорм го понесоа товарот на драстичниот пад на странските посетители за време на пандемијата на коронавирусот. Сепак, 100 од 256 станови во зградата на Intempo беа продадени однапред – околу 60% на Шпанци, а останатите на Руси, Скандинавци, Германци и Белгијци.

Intempo смени неколку сопственици, а сегашен сопственик е фондот SVP Global, кој плати 60 милиони евра за да ги преземе долговите на зградата од Sareb bank.