(Видео) Проектот на Саудиска Арабија од 1 трилиони долари официјално започна

188

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед Бин Салман стана познат по своите амбициозни проекти во кралството.

Најновиот главен проект за престолонаследникот е изградбата на футуристичкиот мегаград NEOM, со пар облакодери од 1 трилион долари кои формираат коридор во пустината. Салман,пред две години објави дека оваа држава планира да го изгради „The Line“ – паметен линеарен град  кој нема да има патишта и кој ќе користи само обновливи извори на енергија.

Neom е најголемиот проект во неговиот план за диверзификација на Саудиска Арабија подалеку од нафтата, главниот столб на економијата на земјата. Престолонаследникот сака да го направи градот симбол на технолошката револуција во арапскиот свет, што ќе ја трансформира економијата на Кралството и ќе послужи како полигон за тестирање на технологии кои би можеле да го променат секојдневниот живот на луѓето.

NEOM е проект кој допира до сферите на научната фантастика во опсегот на својата амбиција. Раните визии за „паметниот“ град вклучуваат работи како што се летечки автомобили и роботски батлери кои се грижат за потребите на жителите.

Престолонаследникот сака проектот да биде завршен до 2030 година, и покрај предупредувањата дека може да потрае 50 години за да се изгради.

Принцот Мохамед Бин Салман најави дека NEOM ќе прикаже нов начин на живеење за иднината, кој работи на „100 проценти обновлива енергија“.

Говорејќи во јули 2022 година, престолонаследникот рече дека градот може да биде дом на девет милиони луѓе.

Тој објасни: „Не можеме да ги игнорираме животните и еколошките кризи со кои се соочуваат градовите во нашиот свет, а NEOM е во првите редови во обезбедувањето нови и имагинативни решенија за решавање на овие прашања.