Видео: Револуционерна количка за бебиња по теркот на Volkswagen

55

bebeska kolicka

Volkswagen Холандија и агенцијата Achtung минатата година ја лансираа кампањата “Очекуваш многу повеќе кога возиш Volkswagen“, во која родителите очекуваат сите кујнски апарати со кои располагаат да ги имаат истите перформанси како и возилата на германскиот производител.

Една мајка, на пример, посака количката за нејзиното бебе да има автоматски сопирачки како автомобилите.

Маркетинг агенција се одлучи да направи интересен експеримент, па количката за бебиња Maxi Cosi ја опреми не само со автоматски сопирачки, туку и со адаптивна контрола на движење, па количката го следи родителот во чекор, но не премногу блиску за да му пречи во одењето.