Видео: Rimac Nevera со 412 km/h е најбрзиот електричен сериски автомобил во светот

103

Rimac Nevera достигна максимална брзина од 412 километри на час (km/h), што го прави најбрзиот електричен сериски автомобил во светот, објави во вторникот Rimac Automobili.
Како што е објаснето, тимот на Rimac конкретно барал патека во овална форма со правци доволно долги за Nevera да ја достигне максималната брзина, и на крајот решиле да ја потврдат брзината на патеката за тестирање на автомобили во Папенбург во Германија. Патеките каде што е можно да се постигне брзина поголема од 400 км/ч се многу ретки бидејќи многу ретко се случува автомобил воопшто да достигне толку голема брзина.

Зад воланот беше Мирослав Зрнчевиќ, главниот тест возач, открија од компанијата.

„Неговиот предизвик беше да постигне совршено рамно влегување од заоблените делови на патеката за да обезбеди најдобра  можност за постигнување максимална брзина. Постигнатата брзина ја прави Nevera најбрзиот сериски електричен автомобил и тоа е најбрзата брзина што некогаш била забележана на патеката за тестирање на автомобили во Папенбург. Брзината е измерена со помош на Racelogic V-Box, високопрецизен уред за мерење базиран на GPS“, се вели во соопштението.