Видео: Склекови како казна за неносење маска

45

Островот Бали воведе задолжително носење заштитни маски минатата година, а кршењето на таа обврска е санкционирано финансиски, но и на друг многу невообичаен начин.

Видео кое моментално кружи на социјалните мрежи покажува збунети туристи, облечени за на плажа или опуштена прошетка на овој егзотичен остров, правејќи склекови под надзор на полицајците во темно сини униформи.

Tоа е казна за странците кои не ги почитуваат правилата за спречување на ширењето на коронавирусот во оваа земја и немаа со себе седум долари за да ја платат казната за кршење на оваа обврска.

Последните неколку дена полицијата фати околу сто туристи кои не носеле маски. Повеќето ја платиле казната, но околу 30 од нив немале пари, па мораа да прават склекови. Оние кои воопшто не ја носеле маската морале да направат 50 склека, додека оние кои не ја носеле соодветно, односно не го покривале носот им била дадена физички полесна задача и морале да направат 15 склекови.

Фото: Pixabay