Малото живописно село Члин во Швајцарија е толку многу тивко, што кога ќе заѕвони телефонот сите жители можат да го слушнат.
За промоција на ова планинско мирно место е направена рекламна кампања, во којашто луѓето кои ќе завртат на бројот на селото, а никој нема да им одговори, ќе добијат бесплатен одмор.
Кампањата траеше шест дена, а за тој период беа направени околу 4.000 разговори, 30.000 воспоставени повици и 500.000 посетители на интернет страницата dorftelefon.ch.
Жителите на Члин беа пријатно изненадени од големиот интерес, но по завршување на кампањата повторно уживаат во тишината во нивното село.