Видео: Вирална божиќна реклама на Sainsbury’s

43

reklama

Божиќната реклама на британскиот трговски ланец Sainsbury’s во првите 24 часа беше прегледана преку еден милион пати. Главниот лик во рекламата, мачката Мог е лик на најдобро продаваниот писател на детски книги, Џудит Кер.

За божиќната кампања на Sainsbury’s, Кер (92), повторно ја оживеа приказната за мачката, Mog’s Christmas Calamity (Божиќните лудории на Мог). Кер илустрира книга под исто име што ќе ја придружува кампањата. Ќе се продава во продавниците на компанијата, а целиот приход ќе оди во добротворни цели за организацијата Save the Children.

Наратор во видеото е актерката Ема Томпсон.