ВИДЕО:Реплек слави 80 години со континуиран раст на приходите, стратешки инвестиции, нови пазари…

Во годината кога Реплек АД Скопје одбележува значаен јубилеј – 80 години од своето основање, генералниот директор и претседател на Управниот одбор, м-р Душан Пецовски, ѝ се обрати на инвеститорската јавност со годишно видео обраќање, при што ги презентираше клучните достигнувања на компанијата за 2024 година.

Во обраќањето тој става акцент на континуираниот раст на приходите на Реплек, Рeализацијата на стратешките инвестиции, проширувањето на присуството на нови пазари и отворањето на нови регионални претставништва.
Тој говори и за важноста на сплитот на акциите како дел од долгорочната стратегија за транспарентност, како и за воведувањето на платформата РЕсет – посветена на менталната и физичката добросостојба на вработените и заедницата.