Videri Chocolate Factory прославува јубилеј со чоколаден постер што се јаде

26

videri-poster

Американскиот производител на чоколади Videri Chocolate Factory својот петгодишен јубилеј го прославува на “сладок“ начин.

Заедно со маркетинг агенцијата Baldwin& создадоа чоколадни постери што може да се јадат. Овие постери беа поставени во локални ресторани, продавници, пивници, уметнички галерии и други места каде што има поголема фреквенција на луѓе во градот Рали, пишува Mediasport agency daily.

Постерот, којшто тежи околу 900 грама, е рачно изработен од Сам Рато кој е соосновач на Videri Chocolate factory. При изработката на овој постер е користено 70% темно чоколадо.